Иранските власти уапсиле шпиони на ЦИА, неколкумина осудени на смртна казна!

Facebook
Twitter
Email
Print

Иранските власти уапсиле 17 шпиони кои работеле за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), соопшти денеска иранската државна телевизија.

 

Преку изјава на националната телевизија, Министерството за разузнавање во Техеран тврди дека притворило 17 агенти кои наводно работеле за Америка. Новинската агенција „Фарс“ од Иран пренесе дека дел од нив добиле и смртни казни.

 

„Некои добија смртни казни, а некои долготрајни затворски казни“, рекле од министерството за иранските медиуми.

 

Станува збор за оперативци коишто биле активни последнава година. Идентитетот на приведените сѐ уште не се открива.

 

Според информациите од Иран, ЦИА регрутирала Иранци кои барале визи за во САД. Сите притворени лица се државјани на Иран кои работеле независно.

 

„На дел од нив им е пристапено кога аплицирале за виза, додека другите веќе имале визи од претходно и се соочувале со притисоци од ЦИА“, стои во изјавата на иранските власти.

 

Дел од уапсените работеле во нуклеарни и воени објекти, а властите тврдат дека ниту еден од нив не успеал да ја спроведе сопствената мисија и планираната саботажа.

 

Иранските власти неодамна тврдеа дека откриле голема мрежа за кибер-шпионажа, која исто така, според нивните кажувања, била предводена и раководена од ЦИА. На прес-конференција, официјално лице од разузнавачката служба на земјата рече дека за овој случај имало повеќе уапсени во изминатите месеци.

 

Се очекува реакција од Вашингтон, кој со Иран веќе со месеци имаат влошени односи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи