На 2 октомври 2019, среда, од 20.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претставата „Вардарски пастуви“ на Театар Комедија.
Претставата е за скопска маалска банда која седи и не прави ништо. Нивното нефункционирање во средината не се должи на нивната неспособност, туку на нивната инертност и на тоа што не сакаат да се потрудат и да направат нешто повеќе со себе во животот. Се интересираат само за фудбалскиот клуб „Вардар“ и за фудбалот. Во момент на апатија и незаинтересираност, во оглас во весник наоѓаат интересна понуда за работа – машки стриптиз.
Вардарски Пастуви е претстава направена според Фул Монти од Симон Буве и Дамите бираат од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, како и скопски урбани легенди
Избор на музика, Превод, Адаптација и Режија: Синиша Евтимов
Сценографија: Милан Несторов
Костимогфрафија: Александар Ношпал
Кореографија: Саша Евтимова
Играат:
Атанас Атанасовски – Џаро
Валентин Костадиновски- Тино – Брзи
Жарко Димовски – Жица
Илија Илиовски – Касап
Столе Мицов – Лепи
Едмонд Сотир -Роки
Ердоан Максут – Шеф
Жаклина Петровска – Лина
Претставата е наменета за публика над 17 години, пред се заради јазикот, а не голотијата.