„Ние сега им помагаме на нашите кинески партнери да развијат систем за предупредување од ракетни напади. Ова е многу сериозна работа, која драматично ќе ги подобри одбранбените капацитети на Народна Република Кина“, кажа Путин на форумот Валдај, пренесува ТАСС.
Системот за предупредување за ракетен напад комбинира копнени радари и сателитски во орбитата на Земјата, кои детектираат лансирање балистички ракети и ја пресметуваат нивната траекторија. Податоците потоа се пренесуваат до командниот центар, каде то може да се донесе одлука за тоа како да се одврати нападот и да се одговори на него.
За време на конференцискиот повик со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да каже кога системот ќе биде оперативен.