Непознати сторители украле дел од посмртните остатоци на Махатма Ганди од меморијалниот центар Бапу Баван во градот Рева во централна Индија, на неговиот 150-ти роденден, соопшти индиската полиција. Пепелта која е украдена била чувана во меморијалниот центар уште од 1948 година, кога Ганди беше убиен од хиндуистички фанатик.
Освен тоа, со зелена боја напишале „предавник“ преку сликата на Махатма Ганди.
„Ја отворив вратата на Центарот рано наутро, бидејќи тој ден се одбележуваше роденденот на Ганди. Кога се вратив, околу 23 часот, воочив дека недостасуваат посмртни останки и оти неговата слика е целосно уништена. Тоа е срамно нешто“, рекол чуварот на Меморијалниот центар.
Некои хиндуистички екстремисти во Индија го сметаат Махатма Ганди за предавник, бидејќи заговарал единство на хиндуистите и муслиманите, иако и самиот бил хиндуист. По смртта, неговата пепел, според хиндуситичките обичаи, била фрлена во река. Сепак, поради славата на Ганди, помали количества од пепелта била задржана и ставена во храмови и музеи, како во тој во Рева.