Бронзен медал за женската џудо кадетска репрезентација на Македонија на „SERBIA OPEN 2019“

Кадетската репрезентација во машка и женска конкуренција зеде учество на „Србија Опен 2019“. На 21 и 22 ноември се одржа меѓународен џудо камп, репрезентативците имаа по два џудо тренинга на ден. На 23 ноември 2019 во спортската сала Шумице во Белград се одржа и натпреварот во екипна конкуренција. Машката кадетска репрезентација во конкуренција на 13 екипи беше дел од ждрепката во група А каде покрај нашата репрезентација настапија и екипите на Србија – А, ВГСК Велико градиште и Раковица – Београд. Во екипна конкуренција во оваа група првото место и влезот во финалето го избори тимот на Србија – А, нашиот состав беше поразен и не успеа да влезе во полуфиналето или во финалето.

 

 

 

 

Женската кадетска репрезентација во конкуренција на 4 екипи се закити со бронзениот медал, тие беа поразени од екипите на Србија – А и Србија – Б, а со екипата на Дробета турнисеверин од Романија резултатот бепе 3:3, по што беше влечена ждрепка и повторно се бореа натпреватувачките во категоријата до 48 кг, каде Теодора Димеска ја победи Стефанија Станицу и нашата екипа победи со резултат 4:3 и го освои бронзениот медал. Теодора Димеска е членка на клубот Сеишин од Прилеп.

 

Список на репрезентативците кои ги бранеа боите на Македонија и на Џудо федерацијата на овој екипен кадетски натпревар :

 

Кадети: Ангелески Христијан -60 кг. Цаневски Валентин -66 кг. Талески Антонио -73 кг. Глигороски Христијан -81 кг. Најдоски Јован +81 кг.

 

Кадетки : Димеска Теодора -48 кг. Ема Димитријоска -52 кг. Марија Талеска -57 кг. Фејзула Румејса -63 кг. Колева Благица +70 кг.

 

 

 

„Нашите репрезентативци со срце ги бранеа нашето знаме и боите на нашата држава, среќен сум што оваа нова генерација во кадетска конкуренција полека но сигурно зачекорува по стапките на повозрасните репрезентативци со кои сум се радувал на многу наши заеднички успеси. Машките беа поразени, но имаа секој по три меча со своите врсници со кои можеби ќе се сретнат на некој европски куп или официјално европско или светско првенство, што за нив е одлично. Женските ги изгубија двата меча против Србија – А и Србија – Б, но ја поберија екипата на Дробета Турни Северин од Романија и се закитија со бронзата. Ќе потенцирам дека бронзениот медел за овие млади девојки ќе значи поттик повеќе за нивната иднина, ова е само уште еден показател дека нив им претстои светла иднина. Ја користам оваа прилика да им честитам и на машката и на женската екипа за борбеноста и успехот кој го направија. На крајот од името на репрезентативците и од мое лично име се заблагодарувам на раководството и на нашата џудо федерација што ни овозможија учество на еден ваков настан од висок ранг“, истакна Горан Мицкоски, селектор на јуниорската репрезентација

 

Џудо федерацијата им го честита успехот на овие млади репрезенттивци и им посакува да освојуваат уште многу медали во иднина.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи