Кинезите градат нова болница на 25.000 м2 за коронавирусот, ќе биде готова за 10 дена

Facebook
Twitter
Email
Print

Кина ги прошири драстичните мерки за забрана на патувањето во провинцијата Хубеи , центар на епидемијата коронавирус, откако смртоносниот биланс се зголеми на 26 лица. Овие рестрикции ќе опфатат најмалку 20 милиони луѓе во 10 града, вклучувајќи го и Вухан, каде првично и започна да се шири вирусот.

 

Во текот на вчерашниот ден, еден пациент заболен од коронавирусот починал во блиската провинција Хебеи, што е прв смртен случај надвор од провинцијата каде досега се ширеше епидемијата. Подоцна, уште еден смртен случај беше потврден и во северо-источната провинција Хеилоџијанг.  Овој регион се граничи со Русија и е оддалечен повеќе од 2.000 км од Вухан. На национално ниво, во Кина има 830 потврдени случаи на пациенти инфицирани со вирусот.

 

Kинескиот град Вухан кој епицентар на епидемијата започната со изградба на нова болница со 1.000 кревети за лекување на жртвите од коронавирусот, мобилизирајќи машинерија за изградбата да заврши до следната недела, соопштија државните медиуми. Според локалните власти, болницата ќе биде готова во рекордно брз рок, до 3-ти Февруари и ќе биде изградена на 25 000 квадратни метри.

 

Новата болница се гради околу комплекс за одмор првично наменет за локалните работници, се наоѓа покрај езеро на периферијата на градот, објави денес официјалниот Чанџијанг Дејли. Ќе бидат поставени монтажни објекти кои ќе имаат 1.000 кревети.

 

„Изградбата на овој проект е да се реши недостигот на постојните медицински ресурси“, се вели во извештајот. „Бидејќи се работи за монтажни објекти, не само што ќе се изгради брзо, туку и нема да чини многу“.

 

Кинескиот државен градежен инженеринг, една од компаниите што ја гради болницата, во петокот рече дека „прави сè што може и дека ќе ги надмине тешкотиите“ во завршувањето на својата улога, додавајќи дека има повеќе од 100 работници на локацијата.

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи