Климатските промени би можеле да ги ослободат вирусите замрзнати во глечерите стари над 15.000 години

Facebook
Twitter
Email
Print

Во 2015 година научници од Кина и од САД отпатуваа во Тибет за да соберат примероци од најстариот глацијален мраз на Земјата. Неодамна тие објавија труд во кој се наведуваат детали за откривањето на 28 нови вирусни групи во мразот стар 15.000 години, но и предупредување дека климатските промени би можеле да ги ослободат античките вируси во модерниот свет.

 

Тимот копал на длабочина од 50 метри во глечерот за да земе две ледени јадра, кои потоа биле подложени на деконтаминациски протокол од три чекори. Потоа истражувачите употребиле микробиолошки техники за да ги идентификуваат микробите во примероците. Тие техники откриле 33 вирусни групи, вклучително и 28 антички вируси кои научниците никогаш порано ги немале видено.

 

Како што наведува тимот во трудот, климатските промени сега се закана и за нашата способност детално да ги регистрираме тие мали форми на живот и да бидеме безбедни од опасните.

 

– Во најлош случај топењето на мразот би можело да ослободи патогени во животната средина – истакнуваат научниците.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи