ВИДЕО – По втор пат „When in Krusevo – Winter is here“ – зимска незаборавна атракција

Во Крушево вчера започна вториот по ред аутдор фестивал „When in Krusevo – Winter is Here“ чија цел е промоција на Крушево и неговите убавини. Фестивалот стартуваше со две планинарски рекреативни тури едната долга 5 км. која од Гумење водеше директно до ски терените на Станиќ, а другата долга 8 км, чии учесници пред да пристигнат на Станиќ ја посетија месноста Слива. Денеска пак има тешка планинарска тура со врвот Мусица.

 

 

„Имаме една голема планинарска тура која што ќе се одржува исклучиво од професионалци бидејќи е во тешки услови. Се започнува од тука од Гумење, а се оди до врвот Мусица, а при тоа се посетува и манастирот Свето Преображение“, истакна Димитар Ангелкоски, организатор на настанот.

 

Оваа година програмата беше збогатена со тандем-параглајдинг и зимско јавање на коњи низ крушевска корија и возење мотори со 4 тркала.

 

„Да го промовираме се повеќе Крушево, да го промовираме овој тип на дружење, да има комбинација и на уживање во природата и на забави и на посета на разни знаменитости“, истакна Антонио Кузманоски, организатор на настанот.

 

Како дел од Фестивалот се и денските забави на ски терените. Иако снег нема, атосферата е прекрасна.

 

„На овој фестивал прв пат учествувам. Моите доаѓаат секоја година, така ии јас решив да дојдам годинава. Во Круешево сум била последен пат во основно на екскурзија, многу е убаво“, кажа Ева Постружин, посетител на фестивалот.

 

„Кај Крушево најмногу мии се дооаѓа природата, планините, се ми се допаѓа“, рече Матео Постружин, посетител на фестивалот.

 

„Секој фестивал, секоја организација од ваков карактер е промоција како на самиот град, така и на самата земја“, Лорета Тодороска, посетител на фестивалот.

 

„Супер е, фино, чист воздух, убава атмосфера, пријатни луѓе, кога ќе се спомене Крушево прво ми асоцира на Тоше Проески, а потоа на воздух, чистина и пред се добар крушевски колбас“, рече Влатко Јорданов, посетител на фестивалот.

 

Освен во зима фестивалот има и своја летна верзија која што е далеку попосетена од зимската, со многу повеќе активности и спортови.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи