ВИДЕО – Прилепчанецот Грданоски секој де го бележи времето над 60 години – имаме се помалку врнежи и се поголеми климатски промени

81 годишниот машински инжинер Миле Грданоски од Прилеп, кој се занимава со термо енергетика, од својата 14-та година по разни тефтери и книги запишувал какво било времето во Прилеп, буквално секој ден. Прво започнал со запишување само на температурата, а потоа и на другите параметри, како облачност, врнежи, брзина на ветер, влажаност и други.

 

 

„На почетокот започнав со забележување на тефтерчиња затоа што немаше хартија во тоа време, потоа преминав во пишување на тетратки, со комјутерите печатев во ексел, а подоцна решпив сето тоа да го ставам само на комјутер“, истакна Миле Грданоски, машински инжинер од Прилеп.

 

Споредувајќи ги овие податоци заклучил дека во последниве 6 децении ни се случуваат огромни климатски промени. Можеби температурите биле горе долу исти, со се потопли зими, но имало и се помалку врнежи на дожд и снег.

 

„И нерамномерен распоред на тие врнежи, значи долги и сушни периоди, а потоа некои обилно дождови од кои се добиваат и поплави. Пред неколку зими цела Пелагонија беше поплавена“, додаде Грданоски.

 

Според Грданоски во иднина треба да се бориме да ја зачуваме секоја капкa вода со изградба на што е можно поголем број вештачки акумулации.

 

„Каде отиде таа вода од Пелагонија или од Стајковции каде имаше дури и жртви ? Отиде во Егејско море. А можеше еден дел од неа или целата таа вода да биде собрана, да не направи поплави, а да ни служи сега кога имаме вака долги сушни периоди“, истакна Грданоски.

 

Гасификацијата не ја гледа како фактор за борба со климатските промени промени, бидејќи и при согорување на гасот се создавал јаглерод двооксид, но бил барем подобар за амбиенталниот воздух. Но и за гасификацијата потребен бил повисок стандард, бидејќи нејзиното спроведување во домовите чинело доста.

 

„Еден просечен животен стандард што е многу повисок од овој сега што го имаме за да може населението да прифати гасификација, тоа значи просечна плата од 1.000 евра. Сепак мислам јас дека подобро решение за Прилеп е еден топлификационен систем, онака како што го има Скопје. Тие топлани да бидат на природен гас“, потенцираше Грданоски.

 

За да не ни се случи црно сценарио Грданоски препорачува најитно преминување на енергија од сонце, вода и ветар, најбрзо ифрлање на јагленот и дрвата за топлење и замена на сегашните возила со електрични, чија струја ќе биде од обновливи извори.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи