ЛАГ АГРО ЛИДЕР потпиша Меморандум за соработка со О. Долнени за проект за поддршка за вработување на млади

Локалната Акциона Група АГРО  ЛИДЕР денес потпиша Меморандум за соработка со општина Долнени за  поддршка и заедничко учество во реализација на Проектот за воспоставување на услуги за поддржано вработување во Република Северна Македонија.

 

Во периодот од декември 2019 година до октомври 2021 година, пет граѓански организации од нашата земја меѓу кои и Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР, предводени од Wien Work Австрија, со поддршка на Министерство за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите  на Република Австрија и УНДП ќе пилотираат во  давање на услуги за вработување на млади во пет региони во државава.

 

„Невработеноста кај младите во нашата земја е на високо ниво, а пандемијата со Ковид 19 дополнително ќе придонесе кон зголемување на бројот на невработени млади. Воспоставувањето на услуги за поддршка за вработување за млади ќе овозможи воспоставување на соработка помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и создавање на можности за вработување на млади од ранливи групи.  Овие услуги покажале одлични резултати во република Австрија, па пренесувањето на австриските искуства ќе овозможи успешно воспостваување на ваков тип на услуги во согласност со условите и можностите на нашата држава. Голема е поддршката на националните институции како Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, а оваа иницијатива позитивно е прифатена од Локалните институции и бизнис секторот. Да се биде дел од овој проект е од особено значење за ЛАГ АГРО ЛИДЕР, и се надеваме дека ќе успееме да одговориме на сите предизвици, да ги зајакнеме нашите организациски капацитети за воведување на услуги за вработување на млади обезбедени од младински тренери за вработување“, велат од ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

Во тек е реализацијата на овој проект, преку кој ќе се пренесат добрите практики за воведување на услуги за поддршка на вработување на млади со цел да се даде придонес за намалување на бројот на млади кои не се вработени и не се вклучени во образовниот процес. Со воспоставување на соработка со општините и бизнис секторот, ќе се постигнат посакуваните резултати и ќе се воспостави добра основа за воведување на ваков тип на услуги во секоја општина и ќе се создаде мрежа на граѓански организации кои обезбедуваат услуги за поддршка на вработување на млади.

 

Автор :

Мрежа на ЛАГОВИ

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи