Денеска по повод Светскиот Ден на Џудото во организација на Џудо Клуб Сеишин Прилеп се одржа настан за пригодно одбележување на овој ден. Оваа година денот се одбележа под мотото „Заедно посилни“ и согласно тоа организаторот ЏК Сеишин Прилеп ги покани и другите два клуба ЏК Санкаку Прилеп и ЏК Прилеп Прилеп на заеднички празничен тренинг и заедничка прослава.
„Покрај нив на покана на Сеишин присуствуваа и Џудо Ветераните од Прилеп (едни од првите џудисти во град Прилеп) на чело со Претседателот на иницијативниот одбор на џудо ветерани и Селектор на Ветеранската селекција на Македонија Г-дин Киро Здравески. Присутните ги поздравија претставниците од сите клубови, а сите учесници се здобија со официјална Диплома за учество издадена од Интернационалната Џудо Федерација. Настанот беше организиран на отворено (парк на Могила на Непобедените во Прилеп) согласно актуелните протоколи за заштита од Ковид 19“, велат од ЏК Сеишин.