ВИДЕО – Богоески: Да не доаѓаат на болница граѓаните кои немаат симптоми или се со лесна клиничка слика

Граѓаните кои имаат некој член од фамилијата болен од Ковид 19, а самите немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика да не доаѓаат на преглед на болница, ниту пак да бараат да се тестираат туку да седат дома во изолација и да ја земаат потребната терапија препишана од матичен лекар. Ова е денешниот апел и став на прилепската општа болница откако инфективното одделение е преблокирано веќе со недели поради недостиг на персонал. Секој ден тука доаѓаат за преглед и за земање на брисеви по околу 100 луѓе, а уште 50-тина заболени од Ковид секој ден ја посетуваат дневната болница. Директорот вели дека работеле 3 амбуланти и тие не можеле да постигнат. Исто така се апелираше матичните лекари да не праќале на болница пациенти заболени од Ковид 19 со лесна клиничка слика за да не дојде до преоптоварување на системот.

 

 

„Ако е еден позитивен во фамилијата сите трчаат да се тестираат, нема потреба. Нека седат дома, ако имаат симптоми, нека примаат терапија нека му се препиши. Не е можно во една фамилија ако еден е позитивен другите да не се и тие позитивни. Бидејќи во фамилиите нема мерки за заштита. Доколку им се влоши состојбата да се јават во болница во инфективното одделение каде ќе бидат примени и тестирани“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Прилепчани пак не се согласуваат со овој став на здравствените власти и велат дека ако еден е позитивен во фамилијата тоа не значи дека се болни и другите членови. Тие велат дека мора сите да бидат прегледани бидејќи токму поради доцното хоспитализирање на болните доаѓало и до огромен број на смртни случаи.

 

„Треба да се тестираме за навремено да се реагира, затоа што сите смртнии исходи се од ненавремено јавување“, вели една граѓанка.

 

„Треба веднаш да се прегледаат и да се тестираат и да се превземат мерки пред време, додека не стани касно“, рече друг граѓанин.

 

„Луѓето треба да се тестираат навреме затоа што може да заразат и други луѓе ако чекаат“, потенцира трета граѓанка.

 

„Подобро да се седи дома во моментов отколку на болница. Сега на болница не се влегува, воздухот е заразен“, рече четврт граѓанин.

 

Инаку во прилепската болница има 91 хоспитализирано лице, од кои 30-тина се на инфективното оддление, а останатите во другите одделенија кои станаа Ковид центри. Имало уште само има 12 до 13 слободни места. Прилеп е еден од водечките градови во Македонија по бројот на заразени од Ковид 19, но и по бројот на починати лица.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи