Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Приказни од дворот“ од Симонида Филипова Китановска, која изложува 40 акварели.
ПРИКАЗНИ ОД ДВОРОТ
„Зошто современ уметник во дваесет и првиот век би сликал цвеќиња и мотиви од природата? Можеби концептите се исцрпени? Можеби современата технолошка уметност, која често се опишува преку тоа колку пари се потрошени за нејзино производство и специфичната подготовка или изградба на изложбениот простор, станаа далечни роднини на уметноста? Или можеби станува збор за нешто сосема трето? Милиони години еволуција создадоа биодиверзитет над човечкиот креативен капацитет. Нема потреба да патувате во тропска прашума и да сте во потрага по егзотични хоризонти (иако некои дела се инспирирани од патувањата на уметничката во Индија и Бразил). Сето тоа може да се види во еден обичен, скромен двор. И сè уште е подеднакво инспиративно за уметниците денес, како што беше за импресионистите во деветнаесеттиот век. Веројатно ќе продолжи да биде така, освен ако не ја уништиме природата. Да, денес дури имаме технологија да ја убиеме целата природа за многу кратко време. Можеби тоа е новиот концепт – уметноста како алатка за зачувување на животната средина за идните генерации!
Можеби уметникот е традиционалист? Секој што ја познава Симонида знае дека е далеку од тоа да биде традиционален уметник или лесно да се става во категорија со други уметници. Всушност, одговорот на сите многу прашања во овој краток текст може да биде „не“. Или може да биде „да“ или која било комбинација од двете во зависност од тоа што сакаме да постигнеме или кого сакаме да убедиме во вистинотоста на нешто преку интелектуална шпекулацја. Па, единственото нешто што сакам да ве убедам сите вас е дека не се потребни зборови кога се опишува уметноста на Симонида.
Всушност, тоа е една од најслушаните изјави на посетителите на нејзините изложби. Втората најслушана реченица е всушност прашање – до кога е отворена изложбата? Приличен број од нив постојано се враќаат повторно да ги видат сликите затоа што им прави да се чувствуваат добро, велат тие. Јас секако не би го препорачал тоа за време на оваа епидемија.
„Уметноста претставена овде е стар занает на мешање на пигмент со вода и сликање со него на хартија на правена од памук. Таа е самоодржлива (најслушаниот збор кога се обидуваме да го поправиме сè што досега уништивме во природата), уметност во чиста форма што не бара експликација. И што е најважно – замислена е во умот на уметникот пред да започне чинот на сликање. Уживајте во шоуто и ве молиме, грижете се за вашиот двор и живиот свет во него“, вели Тони Китановски.