ВИДЕО – Како се подготвуваше годинешната Божикна хуманитарна акција во „Св. Благовештение“ во Прилеп

По 12 пат во црквата Свето Благовештение во Прилеп се одржа хуманитарната акција по повод празникот Божик. Акцијата ја организира неофицијалната хуманитарна организација која се вика „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“ и која е составена од вработени во црквата и голем број на верници.

 

За спроведувањето на оваа акција годинава голема заслуга има Билјана Миленкоска Јурукоски, која долги години живее во Сиднеј, Австралија, и која донираше околу 7.000 евра за хуманитарни цели во Македонија, од кои 3.500 евра се за оваа акција. Желбата на Билјана Миленкоска Јурукоски била со парите да се купат пред се македонски производи, по можност тоа да бидат од фирми Прилеп и да се донираат на оние на кои помошта им е најпотребна. Средствата биле собрани со изработка на глинени крстови со мотиви од Македонија кои потоа биле продавани, а парите биле наменети за оваа акција.

 

Погледнете како се подготвуваше акцијата.

 

 

Подготвени беа 130 хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства и 10 пакети за самци.

 

Од хуманитарната организација  „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“ велат дека дел од овие пакети, околу 30, ќе бидат испратени и во некои населени места околу Прилеп. Порачуваат вакви акции да се организираат почесто и во руралните средини. Освен со организирањето на вакви акции за Божик и Велигден хуманитарната организација „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“ им помага и преку целата година, финансиски, во рамките на своите можности и на голем број граѓани кои имаат потреба од пари за лекување.

 

Овие пакети ќе бидат поделени во понеделник, а нив бесплатно ќе ги разнесат за прв пат оваа година таксистите од компанијата „Такси Прилеп 13131“.

 

Откако вечерва заврши акцијата и се подготвија пакетите во знак на благодарност се упатија молитви кон Свети Никодим Прилепски и Тисмански пред мироточивата икона.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи