Македонското електронско дуо „Митрик & Самарџиски“ го сними својот прв микс за интернационалната промотерска организација „Луминум Колектив“. Малку поразличен музички материјал од досегашните нивни сетови, уникатна патувалка која изобилува со ултра модерен елктро хаус звук, испрекршени бас линии и вселенски мелодии кои даваат нова димензија на нивниот стил.
Александар Митрик & Александар Самарџиски и се добро познати на македонската јавност по нивниот бренд „Room 313“ (асоцијација за музички настани и промовирање на модерна музика), како и по нивните оригинални настапи и многубројните журки кои оставија позитивен белег врз поновата урбана култура во земјава.
Ова е прва нивна соработка со „Луминум“ а најавени се и нови пректи кои би требало да се реализираат ова лето под палките на овој мултикултурен Колектив, кој има за цел да промовира квалитетна електронска музика.
Миксот е вистинско ремек дело за страстните љубители на овој звук, а можете да го преслушате на Soundcloud профилот на „Луминум Колектив“. Динамичен едночасовен сет за комплетно уживање.