ART AS A CATALYST FOR SOCIAL CHANGE – изложба на Александра Кокотовиќ

 

ART AS A CATALYST FOR SOCIAL CHANGE е тематската изложба од Александра Кокотовиќ, визуелна уметница од Србија, што ќе биде поставена од  петок (26.02.2021) во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“.

 

Кокотовиќ освен како визуелна уметница се изразува и преку сликарството, вајарството, цртежот и графиката.

 

Пред љубителите на уметноста во Прилеп се претставува со дела работени во различна техника.

 

Александра Кокотовиќ е член на Друштвото на ликовни уметници на Србија и Друштвото на уметници на БиХ.

 

 

Родена во Сарајево, а живеела во Бејрут, Лондон, Белград и САД. Димпломирала на Accademia del Lusso.

 

Во март минатата година ја претставуваше БиХ на големата интернационална изложба во Дубаи ART CONNECTS WOMEN 2020 “Each for Equal”, на која учествуваа преку 100 уметници од исто толку земји.

 

Досега има реализирано 24 самостојни изложби во реномирани институции, галерии, музеи… и преку 40 групни во Србија, БиХ, Полска, САД, Литванија, Албанија, Бугарија, Обединетите Арапски Емирати, Македонија…..

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи