Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 28 нови случаи на коронавирус, а 10 лица оздравеле од заразната болест. Од последици на коронавирусот починаа две лица, на 55 и 56-годишна возраст.
Бројот на активни случаи изнесува 354, од кои 312 се наоѓаат на домашно, а 42 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 659 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1172.
Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 54 лица.

