400 евра казна за тетовец кој се снимал како вози 300км на час

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Полицијата казни тетовец кој се снимал додека возел 300км на час и видеото го споделил на социјалната мрежа Тик Ток.

 

„24-годишниот тетовец Б. Ј., возач на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, околу 12 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, се снимал, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа Тик-ток. Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година“, соопшти СВР Тетово.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира