44 годишен прилепчанец и 64 годишен Норвежанец загинаа во сообраќајна несреќа кај Битола

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Еден од двајцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи на излаезот од Битола кон Прилеп е норвешки државјанин, а со него патувалa уште една жена од Норвешка, инфомира битолската полиција.

Во сообраќајната незгода учествуваа патничко возило марка „Цитроен ксара”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот прилепчанец П.В. и патничко возило марка „Цитроен Ц1″, со битолски регистарски таблички, управувано oд 64-годишниот норвешки државјанин З.Р., со кого патувала и Норвежанката A.E. (49). Во незгодата од повредите на лице место починале двајцата возачи, а A.E. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Клиничката болница во Битола“, информираат од СВР Битола.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител. Сообраќајот на релација Битола – Прилеп по неколкучасовен прекин, беше нормализиран во 19:25 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира