8 до 14 декември, во Прилеп 292 нови случаи на Ковид-19, за тој период починале 16 лица

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 8 до 14-ти декември, во општина Прилеп имало 292 нови случаи на Ковид-19.

 

Од последици на коронавирусот, починале 16 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 893. 706 лица се наоѓаат на домашно лекување, 102 на болничко, а 85 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 60 пациенти.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.502 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.675.

 

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 167 лицa.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира