Видео – Јовчески: Кружниот тек на мостот Табана ќе кошта 2.100.000 евра

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На наше огромно задоволство  во текот на вчерашниот ден јас лично во името на Општина Прилеп ги поднесов планираните проекти до Министерството за локална самоуправа, кои што се од особено значење за развојот на нашиот град и кои очекуваме да бидат поддржани од Владата на Република Македонија. Овие проекти беа дел од нашата визија за подобра инфраструктура и развој на општина Прилеп!

Четирите проектите кои ги поднесовме вклучуваат:

  1. Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“) – 2.100.000 евра.
  2. Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“ – 35.000.000 денари.
  3. Реконструкција на постоечки водоводни линии во градска четврт Карабдалица. (во централното градско подрачје) –
  4. Реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во централното градско подрачје на Прилеп (кај хотел „Скопје“) – 20.000.000 денари

Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, затоа што за првпат општините во Македонија ја добиваат потребната помош од Владата и имаат вистински партнер. Со оваа соработка сигурен сум дека ќе постигнеме дополнителен развој на нашата општина што е и нашата цел и ќе создадеме подобри услови за живот за сите наши сограѓани. Ваква помош од Владата е клучна за развој на сите општини во Македонија и се надеваме дека сите наши проекти кои што ги аплициравме ќе бидат реализирани затоа што Прилеп и прилепчани тоа го заслужуваат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира