„Замокот на Ардељан“ е првиот роман на Драгица Ристиќ Стојческа кој што се промовираше во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Станува збор за готски, филозофски роман, филозофска фикција, 81 расказ сместени на 244 страници. Во романот се присутни неколку тематски и филозофски димензии, а авторката вели дека идејата се родила од нејзино внатрешно преиспитување.
Уредник, фотограф и дизајнер е Тања Каракалашева, додека рецензент и лектор книгата се Јан Вега и Христина Ангелеска Миоска. Тиражот е 300 примероци. „Замокот на Ардељан“ има и свое продолжение „Доктрината на тишината“, дело кое што е веќе испечатено, наскоро и тоа ќе биде промовирано, а истото доби и наградата.
Погледнете ја атмосферата од промоцијата на романот на „Замокот на Ардељан“.