Лишени од слобода повеќе возачи во Прилеп и прилепско – управувале возила без возачка дозвола

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 04.06.2026 во 17:40 на булевар „Гоце Делчев” во Прилеп , полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.Ц.(31) од с.Голем Радобил, прилепско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ц., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Истиот ден во 20:30 часот во с.Воѓани, прилепско, полициски службеници од полициско одделение Кривогаштани го лишија од слобода Е.У.(35) од с.Пресил, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф” со крушевски  регистарски ознаки, управуван од Е.У., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во 22:40 часот на ул.„Кузман Јосифовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ч.(21) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.Ч., при што било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола.

По целосно документирање на случаевите ќе следуваат соодветни пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци