Започна најдобриот и најадреналински аутдор фестивал во Македонија SAMOKOV EXTREME во Поречието. Возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила го одбележаа првиот ден од овој Фестивал.
Адреналинот, возбудата и забавата се на највисоко ниво. Гости, учесници имаше од сите делови на Македонија, а додека утре се очекува двојно зголеување на нивниот број.
ТЕРЕНСКИТЕ ВОЗИЛА (џипови) се движеа на релација : Самоков – Бачилиште- Илино – Бенче – Самоков. А додека пак учесниците со МОТОКРОС и АТВ возила на релација : Самоков – Ковач – Добра вода – црква Св.Никола – над с.Битово – Самоков.




Главната цел на овој Фестивал е развојот на туризмот во овој регион и ставање на с. Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам.
Вечерва пак пред присутните на стадионот во салото Самоков ќе има и концерт на КУД „ 7ми Септември“ од Македонски брод
Утре пак освен туриете со теренските возила Мотокрос и АТВ ќе има и планинарска тура која ќе стартува во 10 часот од Самоков-Сливно -Бачилиште -мал одмор кај шумските бараки – место викано Крст – Ковач – Самоков. Лсна тура со околу 12км вкупна должина . Патеката е кружна, предвидено е пристигнување во кампот најдоцна до 16 часот.





Утре бидете дел ид магијата на Поречието, најубавиот и најеколошки крај во Македонија и земете учество во една од турите кои се на располагање. Доживејте го Македонски Брод на еден поинаков начин.


