Поречките културни средби – чувар на генетскиот код на Поречаните!

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во општина Македонски Брод,  во селото Манастирец, е одржа традиционалната манифестација „Поречки културни средби“, настан кој со години ја негува и промовира богатата културна ризница на Порече.

„Со особено внимание ги проследив настапите на културно-уметничките друштва и сите учесници кои преку песна, оро и народни обичаи ја претставија убавината на нашата традиција. Овие средби се потсетник дека културното наследство е наша заедничка вредност и обврска што треба да ја чуваме и пренесуваме на идните генерации. Сакам искрено да им се заблагодарам на организаторите за нивната посветеност, како и на сите учесници и посетители кои со своето присуство придонесоа за успешна и достоинствена манифестација. Вашата енергија, љубов кон традицијата и заедништвото се најголемата потврда дека Порече има со што да се гордее.

Како градоначалник на Општина Македонски Брод, останувам посветен на поддршката на ваквите културни настани, бидејќи тие се чувари на нашиот идентитет, историја и традиција. Нека „Поречки културни средби“ продолжат да бидат место на дружење, културна размена и гордост за сите нас“, истакна градоначалникот на оптшина М. Брод, Жарко Ристески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци