ВИДЕО- Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Пелагониските земјоделци излегоа на протест пред Подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола незадоволни од ниската откупна цена на млекото, неисплатените субвенции и сè уште недефинираната откупна цена на пченицата. Земјоделците се пожалија дека државата по различни основи им должи 70 милиони евра и бараат итна исплата на заостанатата државна помош. Се пожалија и на тоа дека во ек на жетва се уште не е позната цената на пченицата за која наголемо се шпекулира дека ќе биде само 10 ден. за килограм.

„Субвенциите за посеаното во 2024 есента ги немаме добиено. Значи немаме добиено ниту авансно, ниту основна субвенција, ниту пак додатни субвенции. Јачменот во моментов цената е од 8,5 до 10 денари. А за пченицата цена нема, а нема ниту откупувачи“, истакна Миле Кебакоски, земјоделец.

 

„За овие 10 дена да се исплатат сите заостанати субвенции, да се формира цена и на млеко и на жито, бидејќи жетвата е на праг. Никој не почнува да жнее, бидејќи нема откуп“, кажа Тони Петковски, сточар.

 Особено голем проблем имале сточарите кои одгледуваат кози. Освен што им доцнеле субвенциите во моментов никој не ги откупувал јарињата, ниту имало пласман и откуп на млекото.

„Како млад козар немам земено 2 години никакви субвенции. Ми бараат 30% јариња да предадам во кланица, а мене ниту една кланица не ми ги зема. Две години нема откуп за кози. На пазар не може да се продаваат јарињата дадоа забрана. 50 јариња дома имам по 30 кг. тешки, никој не ги зема“, вели Албион Салиевски, сточар.

Земјоделците истакнаа дека ако за 10-тина денови не се исполнат нивните барања ќе започнеле со протести и блокади на патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци