Нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп вечерва е избран да биде Христијан Тунески, актуелен советник во Советот на општина Прилеп и актуелен претседател на УМС во Прилеп.
„Со огромна чест и задоволство ве известувам дека со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сум избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп! Во оваа прилика упатувам голема благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски за големата доверба која ми ја даде, како исклучително млад човек ќе дадам сѐ од себе истата да ја оправдам!Едно големо благодарам до сите членови, сопартијци и симпатизери, особено до УМС на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од најголемите победи на партијата и заслужни за враќањето на вистинските патеки. ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп бил, е и ќе биде носител на најдобрите резултати и верувам дека со искрена поддршка и соработка истите ќе бидат уште посилни! Заедно ќе го оправдаме епитетот дека Прилеп е бастионот на ВМРО! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Република Македонија!“, напиша на својот ФБ профил Тунески.