ВИДЕО- Се реконструираат тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување на ул. „11 Октомври“

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Започна реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување на ул. „11 Октомври“ во Прилеп во должина од 520 метри, од двете страни на улицата, на површина од 2.800 м2. Инвестицијата чини 9 милиони денари, средства обезбедени со поддршка од Министерството за транспорт и врски.

„2.800 м2 кои се разработуваат во име на пешачката и велосипедската патека на оваа улица и доизградба и замена на поссточеките светилки со нови, со тоа што уште еден момент плус е дека би имало дополнително осветлување и за пешачката патека, а не само за коловозот. Искрено сум среќен што и овој пеоект е поддржан од Министерството за транспорт и врски. Има интензивни градежни активности, а изведувачот ветува дека за многу брзо ќе бидат готови работите“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Во иднина се планира паркингот кај зградата Табана да се приспособи за повеќе возила, затоа што повеќе нема да има паркирање на тротоарот како досега.

„Би сакал да испратам еден апел до жителите на непосредните објекти што се наоѓаат тука за домување да бидат трпеливи, би ги замолил да ги тргнат возилата од тротоарите за да може да се ослободи простор на изведувачот побрзо и побезбедно да ја заврши работата. Бараме начин да се организира овој паркинг простор да добие повеќе простор за возила“, додаде Проданоски.

Оваа реконструкција и подобрување на патната инфраструктура во иднина ќе се надоврзе на новиот кружен тек, мостот Табана каде во моментов се правело ново минор корито на Градската река.

„Се работи на поставување на ново корито кое што е продлабочено и кои треба да ги прифати водите под идниот мост. А мостот е едно сериозно здание со ширина од 75 метри и за да не го намалуваме протокот на води, да не го нарушиме 100 годишниот просек кој го има речното корито за кое е проектирано и таму би добиле на интензитет градежните работи откако ќе се заврши работењето по минор коритото“, истакна Проданоски.

Новиот мост се очекува да донесе големо растеретување на сообраќајот кој што сега претставува енормен проблем во овој дел на градот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци