„Како дишам јас“ е насловот на концертот кој што на 8 јули во 19.30 часот ќе се одржи на Камената бина во центарот на Прилеп. Негов автор е Сергеј Настески од Прилеп, млад талентиран музичар, кој што се занимава со практицирање и негување на македонската традиционална музика, фолклор и традиција.
Настески ова е ваш прв концерт, на кој што ќе гостуваат и ваши колеги од Факултет за музички уметности од Скопје. Како се роди идејата за него?
Настески: Целта на овој концерт е народот, односно прилепчани, да се запознаат со мојот лик и дело, кое зпаочнува уште од најмала возраст кога на 6 годишна возраст за прв пат влегов во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“ во Прилеп.
Како се роди љубовта кон народната музика, кон нашиот фолклор. Дали некој ти ја пренесе или се јави сама од себе?
Настески: Тоа дојде само од себе, јас во мојата фамилија немам многу музичари, моите се математичари, книговодители, јас сум прв музичар, а како дојде љубовта тоа никој не знае, се роди само во мене.
Кој е твојот инструмент на кој свириш?
Настески: Првично мојот прв инструмент е кавалот и тамбурата, но веќе на Факултетот во Скопје каде присуствува на предавањата на професорот Драган Даутовски почнавме да изучуваме малку попрофесионално гајда, зурла и тапан, а сега сум во класата на проф. м-р Марјан Јанкоски каде што моето академско образование го продолжувам со него и целиме кон големи нешта.
Значи практицираш повеќе народни инструменти дувачки, жичани, ударни…?
Настески: Да, цел склоп на маледонскиот инструментариум, пробувам да го усовршам и да го претставам низ целиот свет.
Според тебе кој е најубавиот инструмент, а кој најтешкиот да се анули да се свири?
Настески: Секој си има своја тежина, но за ти го пробуди македонскиот идентитет мислам дека кавалот е вистинскиот инструмет.
Тоа е она што допира до срцето?
Настески: Да.
Навистина е гордост да се гледа еден млад човек како тебе кој што го пренесува она што ни го оставиле предци во однос на фолклорот, историјата, музиката. Има ли доволно млади кај нас кои што ги следат твоите чекори.
Настески: Да има. Јас бев во заблуда додека учев во Штип во средното училиште „Сергеј Михајлов“ таму мислевме дека сме само ние. Неколку мина кои свириме на народни инструменти. Но кога заминав на факултет во Скопје видов колу добри деца постојат таму, колку активно се работи. Кокнкуренцијата е голема, но сите сме колеги сите соработуваме, активно низ целиот свет преку културни и играорни друштва ја претствуваме македонската музика во најдобр светло.
Каде се имаш учествувано, на кои манифестации во земјава и странство?
Настески: Дома има учествувано на многу меѓународни натпревари и државни натпревари каде имам освоено повеќе од 20 први места, 3 специјални награди и еден лауреат. А откако почнав да се занимавам со концертна дејност, откако започнав да комуницирам со играорни друштва и да соработувам со нив, имам настапи во многу држави. Се наближуваат сега и други фестивали и интересно е да се спомене дека може да се оди и до Русија во Москва. Имаме учествувано во Португалија, на шпанскиот фестивал во Барцелона, во Калјари, Сардинија-Италија, понатаму се надеваме на уште пошироки дестинации.
Концертот го насловивте „Како дишам јас“. Како дише Сергеј?
Настески: Името на концертот ми дојде како на сон. Цело време размислував како да се вика овој настан. И најдобро е според мене , кога свирам кавал, а тој е многу специфичен инструмент кој мора да го контролираш со дишењето, нема друг алат кој ти помага, нема писка. Какпо дишеш ти така тој свири. Во моментот како се чувствуваш ти така ќе звучи. Не може да се испланира однапред, ти се водиш според некоја шема, но не може целосно да се испланира. И затоа јас мислам дека концертот е најдобро да се нарече „Како дишам јас“. Го планирав подолг период. Големо благодарам до проф. м-р Марјан Јанкоски и колегите од факултетот, како и до Општина Прилеп која го поддржа и моите спонзори, Матадор и Кули. Ги повикувам сите да дојдат на концертот каде ќе се претставиме со повеќе македонски композии и ора.