Д-р Кире Стојаноски, психијатар со повеќе од десетгодишно професионално искуство во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, започнува со работа во прилепската општа болница „Борка Талески“.
„Со неговото доаѓање одеелението за психијатрија ќе брои пет доктори специјалисти по психијатрија и еден специјализант, кој наскоро повторно ќе ни се приклучи. Секојдневно обезбедуваме дежурства и амбулантски прегледи преку системот „Мој термин“, со цел навремена, достапна и квалитетна здравствена грижа за пациентите“, велат од прилепската општа болница.