Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена бина.
„Ги поканувам сите љубители на фудбалот заедно да бидеме дел од една одлична спортска вечер и да ја почувствуваме атмосферата на големите натпревари.
Со почеток во 21:00 часот, на плоштадот „Александрија“ – Камена бина, организираме заедничко следење на фудбалскиот натпревар ПОРТУГАЛИЈА – ШПАНИЈА на голем екран.
Верувам дека спортот обединува, а најубавите моменти се оние што ги споделуваме заедно. Затоа ве поканувам вечерва да навиваме, да уживаме во одлична атмосфера и сите заедно да бидеме дел од уште еден вистински фудбалски спектакл.
Се гледаме вечерва во 21:00 часот“, напиша Проданоски.