Над 30% е зголемен бројот на повици во Итната помош во Прилеп во последниот период поради зголемените температури и топлотни бранови. Но исто така поради зголемената раздвиженост на граѓаните и користењето на различни превозни средства бил зголемен и бројот на сообраќајни несреќи.
„Обично зголемен е бројот на инфаркти, инсулти, колапси, каснување од исекти, имавме и два случаи од каснување на змија. Исто така е зголемене бројот на повреди на работно место. Зголемен е за жал и бројот на сообраќајни несреќи, поголема раздвиженост, електрични тротинети, автомобили, велосипеди, моторцикли“, изјави Боше Милошески, начални на Итна помош Прилеп.
Инаку Итната помош од Прилеп освен на овој град ги покрива и териториите на општините Долнени и Кривогаштани, целиот Мариовски дел и преминот Плетвар каде често има сообраќајни несреќи. Според началникот на итната помош во Прилеп, Боше Милошески, за толку многу интервенции и толку голема територија многу мал бил медицинскиот персонал, како и бројот на возила.
„Моментално располагаме со две комбиња во Итната помош марка Рено и две помали возила марка Дачиа. Што секако не е доволно. Се надеваме дека најавата од Владата за набавка на нови возила наскоро ќе се реализира. Медицински сестри се 10, а треба да има минимум 18. Лекари се 14, а треба минимум 16, шофери се 12 а треба 16. Апелирам до Владата и Министерството за здравство што побрзо би се екипирале би биле во корист на пациентите“, додаде Милошески.
Итната помош морапа да има екипа и на сите спортски и културни манифестации, а исто така и придружба на транспортот на тешките пациенти до Скопје, што дополнително вршело притисок на работата со дефицитот на кадар.