ВИДЕО- Големо невреме синоќа ја парализираше Битола, улиците наликуваа на реки, паднати дрвја, затната канализација, ѓубре, кал и камења насекаде

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Големото невреме кое синоќа ја погоди Битола го парализираше градот. Силниот ветар и дождот кој паѓаше околу еден час направија вистински пустош и хаос во одредени делови на градот. Улиците наликуваа на вистински езера, реки од вода течеа насекаде, имаше паднати дрвја, затната канализација, ѓубре, кал и камења насекаде. Се оштетија и улиците кои веќе подолг период се во фаза на реконструкција, силната вода го однесе тампонот и градежниот материјал. Се поплавија подрумите на голем куќи, како и деловни објекти.


Во реонот зад Здравствениот дом во центарот на Битола надојдената вода носеше цели купови земја и камења, поради што беа блокирани делови од улиците, а пријавени се и поплавени објекти и оштетени возила. Една од најпогодена беше улицата Дебарска, каде на одредени места се појавија и оштетувања на самиот.

Жителите велат дека истото се повторува по секое поголемо невреме и бараат редовно одржување на атмосферската канализација.

„Дома жива вода ми се направи се, кој ќе ми го плати мене ламинатот, Коњаноски ќе дојди? Ова резил е жими мајка, а за гласање први се, ќе идат за гласање и ќе те молат, ама нема повеќе гласање за никој“, вели една битолчанка.

 

Цевката не е направена од Комуналец, плаќаме се, но цевката е полна со песок и дрва растат, што да правиме ние? Срамота е“, додаде нејзината соседка.

 

Канализационата мрежа е тесна, не е како што треба, горе на Цар Самоил излегоа и стаорци, пливале стаорци удавени во водата. Не ги прават пошироки за повеќе да истекува водата, тоа е целата работа, ништо друго. Јас мислам дека само тоа е проблем, друг проблем нема, помали се цевките, а треба поголеми цевки, тоа е“, рече еден граѓанин на Битола.

Опозицијата пак преку соопштенија истакна дека синоќешната катастрофална состојба на градот била доказ за системски пропусти во урбанистичкото планирање и одржувањето на јавната инфраструктура во Битола. Според нив потребна била итна ревизија на атмосферската канализација и забрзување на инфраструктурните проекти.

Официјална информација од Општина Битола засега нема.

Според Центарот за управување со кризи, по пријавите преку бројот 112 на терен биле ангажирани екипи на  јавните  претпријатија и Територијалната противпожарна единица, кои до доцна синоќа работеа на расчистување на одводните шахти и испумпување на водата од поплавените објекти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци