“Пејзажни знаци 26” – изложба од Атанас Атанасоски во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

“Пејзажни знаци 26” од Атанас Атанасоски, е изложбата – инсталација поставена во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Изложбата, поддржана од Министерството и туризам ќе биде поставена до 7 август 2026.

„Идејата за реализација на мојот проект сé надоврзува на претходните изложби во кои основен материјал е дрвенеста вегетација. Се работи за трновити растенија кои и по бербата како сува материја ја задржуваат цврстата структура. Користењето и моделирањето со овој локален материјал има за цел да ја бара естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот. Незината применливост нуди можност за поблизок пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки проблеми станува се порелевантно и социјалното ангажирање. Ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на структуралните површини со точно одредените визури. Како инспиративен момент за мене е пејзажниот знак, кој и претходно бил својствен мотив за мојот творечки сензибилитет. Ликовните фасцинации на вегетацијата карактеристична за нашето подневје во овој проект нема само декоративна функција, туку ќе претставува конститутивен елемент за мојата ликовна интерпретација. Живееме со технологија која ни нуди информации на дневна основа за уметноста и уметниците во целиот свет. Но како поминува времето со тоа и побогатото искуство, мојата анализа и инспирација е насочена кон моето блиско опкружување, култура и традиција“, вели авторот Атанас Атанасоски од Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира