„ДОМА – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта“ – колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески во Цепенков

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 7 август 2026г. од 20.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и дигитални дела „ДОМА – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта“ – колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко). Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

За проектот:

Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриват две перспективи на поглед кон светот. И од тука лежи една фундаментална тензија. Едената перспектива, на Ацеска е аспект од нашата природа кој се стреми да разбере преку дисекција — да разложува, анализира и поедноставува, во потрага по значење. Другата перспектива е таа на Ацески, и е аспектот кој ја сфаќа суштината на нештата не преку прекумерна анализа, туку преку директно искуство и прифаќање.

Изложбата се позиционира токму во тој простор меѓу двата пола: место каде што едноставниот симбол може, всушност, да содржи цел универзум, и каде што значењето се појавува како соработка што го чека доаѓањето на набљудувачот. 

Податоци за авторите:

Ацеcка Александра, Родена  во Прилеп, Македонија Живее и работи во Фошан, Кина. Во 2017 г. дипломирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за ликовни уметности Скопје, одсек сликарство и графички дизајн, во 2023 г. магистрира на сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Скопје.

Самостојни изложби:

 2024: – „FLORAL LIMBO“, Музеј на уметноста Сан Та, село Зини, област Панју, Гуангџоу, Кина; 2023: – „II“, Галерија на ФЛУ (Факултет за ликовни уметности), Скопје, РСМ; – „Реформации“, Федерација на книжевни и уметнички кругови, област Нанхаи, Фошан, Гуангдонг, Кина; 2018; – „PORTA PINUS“, Музеј на град Скопје, Скопје, РСМ;

2019: – „DIDYMUS“, Културен центар Марко Цепенков, Прилеп, РСМ;

–„DIDYMUS“, Културен центар Кочо Рацин, Кичево, РСМ;

Групни изложби:

2024: – „Three hundred miles away“, изложба за современа уметност по повод 30-годишнината на Fangyuan, Музеј за уметност Baozhen hall, Гуангџоу, Гуангдунг, Кина;

– „2nd Healing expo“, Центар за конференции и изложби, Футијан, Шенџен, провинција Гуангдунг, Кина;

– „Joy, Life“, Меѓународен конвенционен и изложбен центар Xi’an, Xi’an, провинција Шаанкси, Кина;

– „Encountering Blossoms“,Музеј за уметност Parallel lines Baozhen hall, Гуангџоу, Гуангдунг, Кина;

2023: – Уметнички саем ART CANTON, групна изложба, Културен центар Чиошан, град Сичјао, Фошан, Гуангдонг, Кина;

2019: – „Rencontre Franco-Macedonienne“, групна изложба на македонски и нормандиски уметници, Јавна соба, Скопје, РСМ;

2019: – „Portals“, групна изложба на млади уметници, дел од проектот CreArt, Музеј на град Скопје, Скопје, РСМ.

Награди:

2024 – Награда „Извонреден меѓународен IB наставник“, Училиште Guandong Country Garden, Фошан, Гуангдонг, Кина;

2017 – Награда и грант „Борко Лазески“, најинвентивен сликар од генерацијата 2017, Факултет за ликовни уметности, Скопје;

– Награда „Ponte di Pietra“, четврто издание на Меѓународен саем за современа уметност – Paratissima, Скопје, РСМ; – Drimon и INKA награден уметник, Меѓународен саем за современа уметност Paratisima, Скопје, РСМ;

Илија Ацески подолго време се занимава со фотографирање. Освоил награда во Патиказ магазин за фотографија Момата 2012 г Ехо фестивал, за планинарска фотографија -трета награда, Корабски водопад – Фото на неделата во Нова Македонија во 2023 г и уште еднаш во 2024 г.

Учествувал на годишната изложба на ФФК Прилеп во 2024г.

Фотографирал за списанието на Водостопанство на Македонија во неколку броја за активностите на Тутунски окомбинат во Прилепско поле,  фотографирал и за каталози за повеќе прилепски фирми уште во 1990 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци