За само 2 години 150 милиони денари инвестиции во нова опрема и апарати во прилепската болница, 124 лица добија редовен работен однос

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп претставува најголема јавна здравствена установа во Општина Прилеп и една од најзначајните здравствени институции во Пелагонискиот регион.

Во установата се ангажирани 713 лица се во редовен работен однос. Кадровската структура ја сочинуваат 92 доктори специјалисти, 30 доктори по општа медицина, 14 доктори стоматолози, 46 доктори специјализанти, 224 медицински сестри, 40 медицински лаборанти, 23 дипломирани радиолошки техничари, 20 физиотерапевти, , 13 стоматолошки сестри, 7 фармацевтски техничари, 114 болничари, како и 90 вработени од останат административно-техничкиот и друг стручен персонал(електричари, водоводџии, физички работници, хигиеничари, шофери, административни работници).

Болницата со проширена дејност е  организирана и функционира во повеќе објекти, што значително ја зголемува сложеноста на нејзиното управување и организација. На Дневно ниво обезбедува здравствени услуги за повеќе од 1.000 пациенти, а располага со стационарен капацитет од околу 345 болнички кревети распоредени во повеќе оддели.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп обезбедува услуги од областа на примарната и секундарната здравствена заштита и претставува регионален здравствен центар кој ги опслужува жителите на општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево, Македонски Брод, Кавадарци и Кичево, како и пациенти од Битола и од други градови во државата.

Со своите човечки ресурси, просторни капацитети и обем на здравствени услуги, установата обезбедува здравствена заштита за повеќе од 150.000 жители, што ја прави една од најзначајните јавни здравствени установи во југозападниот регион во Република Македонија.

Со преземањето на раководењето со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп на 08.08.2024 година, раководството заедно со својот тим затекна институција во исклучително тешка финансиска, организациска и кадровска состојба. Болницата беше оптоварена со главен долг кој надминуваше 200.000.000 денари, голем број доспеани обврски, извршни постапки, нарушена ликвидност и бројни неправилности во работењето, без никакви инвестиции во медицинска опрема и блокирана сметка. Во тој период во институцијата се спроведуваа контроли од страна на Финансиската полиција и Државниот завод за ревизија, што дополнително ја потврдуваше сериозноста на затекнатата состојба.

И покрај сите затекнати проблеми, раководствотот и неговиот тим започнаа сеопфатен процес на финансиска консолидација, воспоставување финансиска дисциплина, рационално управување со јавните средства, воспоставување систем на контрола на трошоците и подобрување на организацијата на работењето.

Како резултат на преземените мерки, главниот долг на установата беше намален од над 200 милиони денари на околу 97 милиони денари во рок од една година, што претставува најголемо финансиско стабилизирање на установата во последните години. Истовремено беа значително намалени трошоците за гориво, сервисирање на возила, медицински отпад, медицински гасови, авансни плаќања, касовни исплати, службени патувања, како и целосно беа укинати трошоците за приватни агенции за чистење и обезбедување, направени каса испплати без покритие од дневен промет и невнесен промет од над 20.000.000 за 2024 и 2023 година како и други фиктивни расходи по основ на разни сервиси и услуги.

Ваквата финансиска дисциплина создаде услови средствата да не се трошат непродуктивно, туку да бидат насочени кон развој на установата.Во текот на 2025 и 2026 година, раководството и неговиот тим реализираа инвестиции во медицинска опрема, апарати и модернизација на установата во вкупен износ од околу 110.000.000 денари од СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА, со што значително се подобрија условите за дијагностика, лекување и работа на здравствените работници.

Покрај средствата обезбедени од институцијата, преку активна соработка со голем број општествено одговорни компании, фондации, донатори и други институции беа обезбедени донации во вредност од над 40.000.000 денари, кои опфаќаат современа медицинска опрема, медицински апарати, болнички инвентар, медицински материјали и друга неопходна опрема за функционирање на болницата. Овие донации претставуваат значителен придонес во модернизацијата на установата. Доколку ги собереме инвестициите од Сопствени средства и донациите изнесува сума од околу 150.000.000 денари.

Како резултат на воспоставувањето законито, домаќинско и транспарентно работење, раководството и неговиот тим успеаја институцијата да добие позитивен контролен ревизорски извештај, што претставува потврда дека преземените мерки за финансиска консолидација и законито работење кои  дадоа конкретни резултати.

Особено значајни резултати беа постигнати во кадровската политика. Се постигнаа нови вработувања во број од 124 лица кои добија редовен работен однос. Најголем дел од овие лица се доктори по медицина, медицински сестри, болничари и многу мал дел  административно-технички персонал, без кои нормалното функционирање на установата би било невозможно. Дополнително, согласно одлуките на Министерството за здравство, во установата беа преземени осум приватни специјализанти, како и шест доктори специјалисти кои преминаа од приватни и јавни здравствени установи во јавната здравствена установа, со што значително се зајакна стручниот кадар и се подобри достапноста на специјалистичките здравствени услуги. Посебно значајна мерка беше рационализацијата на расходите за телекомуникациски услуги.

За разлика од претходниот период, кога субвенциите предвидени од договори со оператор за телефони и интернет услуги биле користени и за набавка на мобилни телефони IPhone од висока класа и електрични тротинети за лични и приватни потреби, раководството и неговиот тим донесоа одлука овие средства целосно да се пренаменат за потребите на установата. Со тие средства беа набавени клима уреди во вредност од приближно 350.000 денари за болничките одделенија и службените простории со што субвенцијата беше искористена во целост, со што значително се подобрија условите за престој на пациентите и условите за работа на медицинскиот персонал. Во текот на 2026 година кај одредени категории расходи е евидентирано зголемување, кое е резултат на објективни и оправдани околности што најголем дел без зголемените цени на одредени производи и услуги од страна на добавувачи како резултат на зголемената инфлација во минатиот период.

Зголемувањето на трошоците за исхрана произлегува од одлуката раководството и неговиот тим да ја затворат болничката кујна, која беше затекната во исклучително лоша хигиенско-санитарна состојба, со дотраена опрема, несоодветни услови за подготовка на храна и сериозно присуство на глодари и други инсекти како и потребата од огромни средства за нејзино реновирање. Со ангажирање надворешна услуга беше обезбедена безбедна и квалитетна исхрана за пациентите и дежурниот персонал. Доколку се пресметаат сите претходни трошоци за плати, електрична енергија, вода, одржување и останати режиски расходи, финансискиот ефект е приближно ист, додека квалитетот и безбедноста на храната се значително подобрени, сакаме да напоменеме дека персоналот не беше оставен без работа туку беше прераспределен на други позиции.

Трошоците за гориво во 2026 година се минимално повисоки поради глобалниот раст на цените на нафтените деривати предизвикан од светските економски и геополитички случувања, а не поради нерационално користење на службените возила. Трошоците за сервисирање на возилата е последица на староста и дотраеноста на возниот парк, како и сакаме да напомене дека се извршени два генерални ремонта на санитетски возила, неопходни за безбедно и непречено извршување на итниот медицински транспорт.

Расходите за лекови се зголемени како директна последица на значително зголемениот број оперативни зафати, воведувањето нови хируршки техники, проширувањето на здравствените услуги и воведувањето нови лабораториски анализи, што претставува позитивен показател за развојот на установата.

Зголемувањето на трошоците по основ на извршните решенија во 2026 година не е резултат на тековното работење, туку произлегува од правосилни судски пресуди по тужби на вработени за неисплатени права по основ на храна и додатоци на плата за периодот од 2019 до 08.08.2024 година.Кај останатите расходи се евидентирани минимални отстапувања кои произлегуваат од тековните потреби за функционирање на установата.Особено значајно е што раководството и неговиот тим обезбедија континуирано греење во Болницата и Здравствениот дом, така што во текот на анализираниот период не постоеше ниту еден ден без греење, за разлика од претходните години кога здравствените установи останувале без греење со месеци, што директно влијаело врз квалитетот на здравствената заштита и условите за работа.

Кај медицинските гасови евидентираното зголемување произлегува исклучиво од повисоките цени утврдени од страна на добавувачите, а не од зголемена или нерационална потрошувачка.

Посебен успех претставува и значителното зголемување на приходите од партиципација и други здравствени услуги. Тоа е резултат на воспоставување ефикасен систем на контрола, отстранување на претходно утврдените неправилности, подобрување на финансиската дисциплина и елиминирање на практиките кои во минатото создавале сомнежи за злоупотреби и незаконито постапување, како и зголемените приходи по основ на побарувања од концесионери и корисници на здравствени услуги со што беа превземени превентивни мерки за наплата на побарувања од предходниот период  на што е успех од страна на тимот во секторот за финансии и сметководство,. Сите наведени показатели јасно потврдуваат дека раководството и неговиот тим успеаја за релативно краток временски период да ја стабилизираат финансиската состојба на установата, да ја подобрат кадровската структура, да реализираат рекордни инвестиции и донации, да ја модернизираат медицинската опрема, да обезбедат законито и транспарентно работење и значително да го подобрат квалитетот на здравствените услуги. Осбено напоменуваме дека раководството и неговиот тим редовно врши исплати без застој на исплати по основ на Јубилејни награди, опремнини, одвоен живот, помош при смрт и други надоместоци.
Сакаме и да напоменеме дека платата на истиот буџет на годишно ниво со зголемувањата по основ на склучени колективни договори со министерството и владата на Република Македонија, како и новите вработувања порасна со значителни над 130.000.000 денари на годишно ниво што значително го оптоварува буџетот. Но со голема консолидација сеуште го држеме во добра кондиција.

Воедно ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп посветува особено внимание на стручното усовршување на здравствениот кадар. За секоја новонабавена медицинска опрема се обезбедува соодветна обука од овластени лица, со цел нејзино правилно, безбедно и ефикасно користење, како и континуирано се испкаќаат на специјализација ново вработени доктори според потребите на установата. Воедно, установата континуирано организира и поддржува едукација, обуки и стручно усовршување на докторите и медицинските сестри, со што се обезбедува следење на современите медицински достигнувања и унапредување на квалитетот на здравствените услуги.

Имено сакаме да напоменеме дека редовно се оджува кругот на болницата за разлика кога не беше пракса во минатото.

Остварените резултати претставуваат силна основа за понатамошен развој на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, со јасна определба за современо, одговорно и одржливо управување во интерес на пациентите, вработените и граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци