ВИДЕО- Македонија никако не смее да ја заборави жртвата на бранителите – 25 години од крвавиот масакр на Карпалак

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Македонија и идните генерации не смеат да ја заборават жртвата која што ја дадоа бранителите на Карпалак, нивната битка и изгубените животи се исти како на војводите во 1903-та и партизаните од НОБ. Со оваа порака во Прилеп вечерва започна одбележувањето на 25 годишнината од смртта на 10-те мина бранители кои на 8 август 2001 беа убиени од терористите кај месноста Карпалак.

„Испочитувани се не многу, но до некаде успеваме колку толку да оставиме некој траг да се запишат во историјата како и нашите претходни борци од  1903 и 1941 НОБ. Трудот на нашето здружение и здруженијата на бранители во Македонија е да го оставиме трагот да се паметат и почитуваат бранителите кај иднините нови генерации и идната историја“, истакна Игор Петрески, здружение на бранители „Карпалак“.

Бранителите се пожалија дека на ниту едно место каде загинаа бранители од 2001 и по 25 години нема спомен обележја, исто и на месноста Карпалак.

„Емоциите се секогаш тука присутни, дали на денот или претходните деновим, емоциите се тука. Македо нија е познато дека секогаш се градела со херои и тоа не води во животот дека барем тие кои ги дадоа животите ќе останат запаметени како херои“, Петрески.

 Од АРМ испратија порака дека жртвата на бранители никогаш нема да биде заборавена.

„Во нашата единица споменот за великаните не бледнее. Напротив тој е се поизразен и псоветол со секој изминат ден. Во стројот каде што тие некогаш стоеја, нивниот дух е се уште присутен. Нивната храброст стана наш темел, наш код на честа и заклетва по која ние живееме и работиме. Тие за нас не се минато, тие се наш секојдневен патоказ и поради тоа споменот за нив е се посилен“, истакна потполковник Сашко Палески, командант на касарната „Мирче Ацев“ Прилеп.

Освен оддавањето на почит и полагањето на цвеќе на споменикот на загинатите во прилепската касарна делегациите и семејствата на бранителите ја посетија и Спомен собата и беше најавено дека за секој загинат ќе биде направена посебна витрина со негови лични предмети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци