Воз со 600 патници блокиран од снежна бура во Јапонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Воз со околу 600 патници останал блокиран во текот на ноќта во Јапонија поради снежна бура. Дел од патниците биле евакуирани, но поголемиот дел односно 430 останале во возот, откако било решено дека е премногу ризично да се евакуираат поради длабокиот снег и мракот.

 

Операторот одлучи дека е премногу ризично да бидат евакуирани сите патници поради длабокиот снег и мракот. Со изгревот на сонцето, на дел од патниците им било дозволено да заминат, откако нивните семејства дошле да ги земат.

 

Едно лице било одведено во болница, а на уште четворица им била укажана медицинска помош.

 

Операторот обезбеди храна и пијалак за патниците. Композицијата со четири вагони е опремена со тоалети, осветлување и греење, кои работат нормално.

 

После 15 часа, возот почнал повторно да се движи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи