Во Прилеп започна Меѓународниот шаховски турнир „ПРИЛЕП ЈУНИОР 2026“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.


Денес во кино салата Мис Стон при Домот на култура Марко Цепенков започна 1 Меѓународен шаховски турнир „ПРИЛЕП ЈУНИОР 2026“ едно прекрасно шаховско дружење, кое се надеваме ќе е исполнето со борбеност, емоции и квалитетен шах.

На турнирот учествуваат 12 шахисти од Македонија, Србија и Австрија, од кои 10 момчиња и 2 девојки. Нема изразит фаворит бидејќи квалитетот е многу висок и изедначен.Се очекуваат многу интересни партии, со надеж дека после овој турнир ќе се зголеми интересот за шахот во Прилеп и Македонија. Се очекуваат инетресни мечеви за секој поен, бидејќи турнирот се рангира на светската шаховска федерација ФИДЕ.

Организатор на настанот е шаховскиот клуб ПРИЛЕП кој е еден од најдобрите во државата. Истиот заедно со Алкалоид е единствен со две прволигашки екипи на претстојното државно првенство во Струга и во машка и во женска конкуренција.

Да напоменеме дека за ШК Прилеп на Купот на Европски шампиони во 2021 година настапи индискиот велемајстор и актуелен светски  првак Домарају Гукеш кој играјќи за Прилеп го освои златниот медал како најдобар играч на турнирот.

Оваа година доколку се обезбедат минимални финансиски средства ШК Прилеп повторно ќе го представува градот на КЕШ во Херцег Нови, Црна Гора. Сè на сè – еден квалитетен шаховски настан, за кој искрено се надеваме дека од година во година ќе расте и ќе станува се  подобар и подобар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци