Од 18 до 25 август во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира 18. ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Од 18 до 25 август 2026 година ЦК „Марко Цепенков“ ќе ја реализира 18 -та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“. На колонијата годинава ќе творат Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Марјан Стојаноски, Слободан Милошески, Озбек Ајваз, Славчо Павлески и Емил Солески, кои ќе работат монументални скулптури за во јавен простор. Колонијата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ за 2026 година во визуелни дејности поддржана од Министерството за култура и туризам.

Колонијата годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор, а за првпат ја поддржува и Општина Прилеп.

„Колонијата е значајна средба на уметници, идеи и современи скулпторски изрази, со една јасна цел, уметноста да излезе од галерискиот простор и да стане дел од секојдневниот живот на заедницата. Создавањето монументални скулптури отвора можност за трајни уметнички интервенции кои го збогатуваат просторот, го градат неговиот идентитет и стануваат дел од колективното сеќавање. Преку непосредната работа и размената на идеи, уметниците го истражуваат односот меѓу материјалот, формата, просторот и времето. Особено ни значи што Ликовната колонија „Марко Цепенков“ е добитник на наградата „3-ти Ноември“ на Општина Прилеп, признание кое го потврдува нејзиното значење и долгогодишниот придонес кон културниот и уметничкиот живот на градот. Локалната самоуправа на Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Дејан Проданоски, останува посветена на поддршката на културата, современото уметничко творештво и создавањето дела кои оставаат траен белег во јавниот простор. Благодарност и до Министерството за култура и туризам за континуираната поддршка на колонијата во изминатите 18 години и за препознавањето на нејзината вредност за развојот на современото ликовно творештво. Со 18-тото издание на „Марко Цепенков – Дрен 2026“, продолжуваме да градиме мост меѓу уметниците, граѓаните и јавниот простор, создавајќи културна вредност која ќе остане и по завршувањето на манифестацијата. Прилеп создава, поддржува и остава трага. Уметноста е дел од нашиот простор, нашиот идентитет и нашето културно наследство – вели Марјан Стојаноски, координатор на колонијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци