ВИДЕО- Има видео докази дека пожарот во Мариово е подметнат, опфатени се 75 км2, засега нема опасност по населени места

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Над 75 километри квадратни се уште горат во прилепско Мариово. Засега нема опасност по населените места, а особено по селото Крушевица каде деновиве се водеа најголемите битки со огнот. Според градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски на терен биле излезени над 100 припадници на пожарникарите, припадници на ДЗС, армијата, полицијата и доброволци кои се бореле со стихијата која сега е распространета на 4 крака. Се водат битки тој да на је премине реката Црна и регионалниот пат Прилеп-Витолиште, затоа што доколку се случи тоа неговото запирање ќе биде претешко.


Околу селото Крушевица во текот на вчерашниот ден беше алармантна состојбата, но се направи заштитен појас, се локализира тој дел од пожарот и сега гори само ниска вегетација, односно треви кои ги има околу просторот на овие населени места. Распоредени се повеќе од 100-тина луѓе кои работат на локализирање на овој пожар, вклучени се сите оперативно технички средства кои стојат на располагање на локалната самоуправа и ТППЕ и сите оперативни средства кои ги има ДЗС, има специјални возила, има цистерни, има човечка сила. Беа вклучени во неколку наврати воздухопловите, но беа повлечени заради дебелата завеса од чад. И во моментот сакам да испратам еден апел до граѓаните да бидат спокојни, општина Прилеп е организирана да се справи со вакви хаварии, сите елементи и формално-правни и оперативно-технички се исполнети. Благодарност голема до општествено одговорните компании и луѓе кои покажаа интерес да помогнат во справување со овој пожар и беа вчера на терен, денес исто така. Се држи колку што може да биде под голема контрола овој пожар, но за жал истиот додека не стигне до некои поголеми природни препреки, мислам на река Црна и на регионалниот пат, нема можност да биде комплетно локализиран, освен ако не помогнат временските услови“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

До овој момент во Мариово гори само сува трева, а не и дрвна маса. Според Национални шуми во овој дел на Мариово не постојат шуми, така што ваков вид на штета нема. Но затоа пак поради сувата трева ширењето на огнот е и далеку побрзо. Сите претпоставки се дека истиот е подметнат а имало и видео доказ.

Има индиции и материјален доказ, запис од надзорна камера дека има пироман кој што го почнал овој пожар. Ги охрабрувам надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, ОЈО и Судот да постапат што е можно поскоро. Мислам дека апелите за да се однесуваме внимателно во овој период од годината и на некој начин превенираме, со нашето однесување да не ни се случуваат вакви несреќи не се почитува доволно од граѓанството и мора да има соодветна санкција за овој чин“, додаде Проданоски.

Екипите остануваат на терен и се дсваат максимално сите напори за се спречи најголемиот пожар кој што оваа сезона ја погоди Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци