По 7 дена непрекината борба и пожртвуваност конечно изгаснат пожарот во Мариово

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

По седум дена непрекината борба, огромни напори и пожртвуваност на сите што беа на терен, конечно можеме да кажеме дека пожарот во Мариово е изгаснат, информираат од Општина Прилеп од каде нагласуваат дека ова била тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот.

Упатувам огромна благодарност до нашата Територијална противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата, ЈП Национални шуми, МВР, ТППЕ Скопје и ТППЕ Кавадарци, до градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев, како и до сите доброволни противпожарни друштва од Битола, Кочани, Кавадарци и Виница. Исто така искрена благодарност и до Универзалниот тим од Општинскиот штаб за заштита и спасување од Прилеп, до месното население од Чаниште, Крушевица, Мажучиште, Мало Коњари и Големо Коњари, како и до сите општествено одговорни компании и индивидуални земјоделци кои со својата механизација помогнаа во гаснењето на пожарот.До сите луѓе кои беа на терен, во исклучително тешки услови, со пожртвуваност, храброст и максимална посветеност, огромна благодарност и почит! Секој од вас го даде својот придонес во заштитата на нашите сограѓани, имотите и природата“, потенцира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

И вчерашниот пожар, кој се појави на пределот од с. Мажучиште, преку Мало Коњари и Големо Коњари, па сè до Широк пат Варош, беше локализиран за многу кратко време, благодарение на брзата реакција, пожртвуваноста и професионалноста на сите екипи на терен.

Благодарност до сите служби, граѓани и поединци кои веднаш се вклучија и помогнаа во неговото гаснење. Во моментов, изгаснат е и последниот крак на пожарот кај с. Бонче и состојбата е целосно под контрола. Се надеваме дека и временските услови во наредниот период ќе помогнат состојбата да остане стабилна. Но, по искуството од изминатава недела, уште еднаш упатувам сериозен апел за максимална внимателност и одговорност.Да не дозволиме повторно да ни се повтори ваква состојба. Една искра, едно невнимание или неодговорно однесување може за само неколку минути да предизвика пожар со несогледливи последици.Покажавме дека кога сме обединети, солидарни и посветени, можеме да се справиме и со најтешките предизвици.Благодарност и длабока почит до сите што беа дел од оваа голема борба“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци