Бензинот поскапува, дизелот поевтинува – нови цени на горивата од полноќ

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе важат од 1 септември 2026 година.

Од полноќ следува значително поевтинување на дизелот од 6.5 денари по литар, па така еден литар дизел ќе се продава по максимална цена од 95 денари. Поевтинување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое се намалува за 3,50 денари, па новата цена ќе изнесува 97 денари за литар.

Од друга страна, бензините поскапуваат за по еден денар. Новите цени се:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 94 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 96 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ – 95 денари/литар ЕЛ-1 – 97 денари/литар

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 1,166 денари за килограм, па ќе изнесува 44,410 денари/кг.

Новите цени стапуваат во сила од полноќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци