Годинава во Општина Долнени се запишале 26 првачиња помалку за разлика од минатата година односно годинава има 116 првоодделенци, за разлика од лани кога таа бројка била 142.
Бројки според училишта:
- ООУ „Али Фетхи Окијар“ во Дебреште – 24 првачиња, лани имало 26
- ООУ „Пере Тошев“, Дупјачани – 14 првачиња, лани имало 16
- ООУ „Пецо Даскало“ Долнени – 3 првачиња, лани биле 11
- ООУ „Ѓорче Петров“ Ропотово – 9 првачиња, лани имало 7
- ООУ „Мирче Ацев“ Лажани, – 18 првачиња, лани биле 21
- ООУ „Лирија“ Житоше, – 17 првачиња, а лани имало 29
- ООУ „Исмаил Ќемали“, Црнилиште – 31 првачњ, а лани биле 32
Намалување има и кај бројот на паралелки, односно годинава има 7 паралелки помалку и тоа:
- Една паралелка е намалена во ООУ „Ѓорче Петров“ во Пешталево
- Една паралалека е намалена во Житоше на македонски јазик од предметна настава, а исто така е намалена и една паралелка на албански јазик во Житоше исто од предметна настава
- Намалување од една паралелка има и во Дебреште од предметна настава
- Намалување на паралелки има и во Лажани една од одделенска настава и една од предметна настава
- И една паралелка е затворена во селото Вранче
Нема затворено ниту едно подрачно училиште, а засега нема намалување ниту кај бројот на наставници.