Прилепските одбојкари ветерани со пласман на Final 4

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Месец октомври веќе трета година е месец на разврска во одбојкарската лига на ветерани во машка конкуренција. И оваа година токму во овој период се одиграа последните натпревари со кои се дефинира комплетниот распоред и пласман на екипите пред завршниот турнир каде учествуваат најдобрите четири екипи.

По пауза од една година екипата од Прилеп “11 Октомври” се враќа меѓу најдобрите четири екипи со обезбеден пласман на Final 4 турнирот кој ќе се одигра на 1 ноември 2026 во Тетово.

Ако направиме мала рекапитулација на оваа сезона вредно е да ги споменеме резултатите односно да ги потенцираме трите победи против Гевгелија, Струмица и онаа клучната  против Тетово, како и трите порази од екипите на Шкендија, Борец од Велес и Скопје.

Токму последните три екипи заедно со прилепскиот тим  го сочинуваат финалниот турнир каде што за борба во финале ќе се борат Шкендија Тетово- 11 Октомври Прилеп и Борец Велес – Скопје. Победниците играат за прво место, поразените за трето.

Исто така, вредно е да се спомене тимот кој го донесе овој, а се надеваме и на понатамошни успеси.

Тимот на 11 Октомври  за оваа сезона го сочинуваат: Жарко Илиески, Димитар Стрезоски, Гоце Бурнески, Теодор Ангелески, Зоран Пилоски, Мартин Наумоски, Атанас Николоски, Мики Крстев, Александар Савиноски, Орде Цветаноски, Васил Гајтаноски, Славчо Кузманоски, Илија Милошевски, Петар Толески и Кирил Котески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци