„Од опера до безвремени македонски народни песни“ – вечер на уметничко доживување во Цепенков

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 12 ноември 2026 од 19.00 часот во фоајето од Центарот за култура ќе се одржи концертот „Од опера до безвремени македонски народни песни“. Kонцертot ќе ги стопли срцата и ќе ве поведе во убаво музичко патување, публиката ќе има можност да чуе врвна вокална и инструментална музика. Вечер на уметничко доживување!

Ќе настапат:

Тенор : Илија Белистојаноски

Пијано: Дарко Мариновски

Труба: Љупчо Коскаров / гостин/

Програма на концертот:

ПРВ ДЕЛ

  1. Non ti scordar di me — Ернесто Де Куртис

Текст: Доменико Фурно

  1. Dicitencello vuje — Родолфо Фалво

Текст: Енцо Фуско

  1. Dein ist mein ganzes Herz — Франц Лехар

Од оперетата „Земјата на насмевките“ (Das Land des Lächelns)

  1. Un’aura amorosa — Волфганг Амадеус Моцарт

Од операта „Така прават сите“ (Così fan tutte)

  1. Salut! demeure chaste et pure — Шарл Гуно

Од операта „Фауст“ (Faust)

ВТОР ДЕЛ

  1. Tombe degli avi miei — Гаетано Доницети

Од операта „Лучија ди Ламермур“ (Lucia di Lammermoor)

  1. Rachel, quand du Seigneur — Фромантал Алеви

Од операта „Еврејката“ (La Juive)

  1. Полонеза cis-moll оп.26 бр.1 — Ф.Шопен
  2. No puede ser — Пабло Соросабал

Од сарсуелата „Крчмарката од пристаништето“ (La tabernera del puerto)

  1. My Way — Клод Франсоа и Жак Рево

Англиски текст: Пол Анка

  1. ‘O sole mio — Едуардо ди Капуа

Текст: Џовани Капуро

  1. Core ‘ngrato — Салваторе Кардиљо

Текст: Рикардо Кордиферо

Љ.Коскаров-Д.Мариновски – Фантазија бр.1(Деспина)

ТРЕТ ДЕЛ

  1. Болен ми лежи — македонска народна песна
  2. Калино моме — македонска народна песна

Свита бр.5 (Тиквешки марш)

ЧЕТВРТ ДЕЛ – ФИНАЛЕ

  1. Nessun dorma — Џакомо Пучини

Од операта „Турандот“ (Turandot)

БИС

  1. Dein ist mein ganzes Herz — Франц Лехар

Од оперетата „Земјата на насмевките“ (Das Land des Lächelns)

Податоци за музичарите:

Илија Белистојаноски, тенор – роден во Прилеп. Основното образование го завршил во својот роден град. Потоа се запишал во Државното музичко училиште во Битола, на насоката музичка теорија. За време на образованието, бил препознаен како исклучително талентиран пејач и го претставувал училиштето на натпревар по камерна музика во Скопје, каде што освоил првото место. Откако ги открил своите вокални способности, Илија одлучил да ги продолжи студиите на Музичката академија во Штип, во класата на реномираниот оперски пејач, проф. Борис Трајанов. Во рамките на академијата изучувал правилно пеење и сценско однесување (актерство, движење и држење). Редовно учествувал на сите концерти во чест на проф. Коста Трпков, заедно со оркестарот на Националната опера и балет. Дебитирал на сцената на Националната опера и балет во операта Макбет од Џ. Верди, во улогата на Малком, заедно со италијански ансамбл. Редовно одржува концерти во градови низ целата земја.Кратко по дипломирањето, ја освоил првата награда од стручното жири на натпреварот „Лазар Јовановиќ“ во Белград, Србија. Потоа го освоил Гран При на натпреварот „Руска романсијада“ во Софија, Бугарија, со што се вброил меѓу дванаесетте финалисти и на големото финале во Москва ја освоил втората награда од стручното жири. По ова следувала покана за концертен настап во една од најголемите сали во светот – Кремљскиот дворец во Москва.Учествувал на натпреварот за „Руска вокална музика“ во Скопје, каде го освоил второто место. Во жирито, меѓу другите, бил и еден од најзначајните басови во Русија, Народниот уметник на СССР, проф. Леонид Сметаников. Стигнал до финалните рунди на престижниот меѓународен натпревар „Белведере“ во Рига, Летонија. Учествува на меѓународниот натпревар по пеење „Бјулбјул“ во Баку, Азербејџан во јуни 2024 година Илија соработувал со познати педагози од музичкиот свет, како: Михаел Пабст и Линда Плех (Виена, Австрија), Дануса Лукнисова и Мигел Гомез Паез (Пезаро, Италија), Елда Ларо (диригентка, Германија), Паола Мариоти (Италија) – последната лична пијанистка на Лучано Павароти, Николас Клаптон (Англија) и други. Тој е редовен учесник на мајсторските курсеви кај една од најголемите примадони на Италија, проф. Капучине Кјаудани.

Дарко Мариновски – македонски пијанист, универзитетски професор, композитор и музички аранжер. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класите на проф. Борис Романов и проф. Јасминка Чакар.Работел како професор по пијано и корепетиција во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, а бил и декан на Факултетот за применета музика при Универзитетот ЕСРА, каде што го добил звањето редовен професор. Своето педагошко искуство го надополнува со ангажман на Музичката академија при УГД во Штип, како пијано-соработник и соработник во оперското студио. Како пијано-соработник и уметнички соработник има настапувано со бројни истакнати македонски уметници на значајни концертни сцени и фестивали во земјата и странство, меѓу кои Охридско лето, УНЕСКО во Париз, Вашингтон, Њујорк, Рим и Истанбул. Остварил повеќегодишна соработка со оперските уметници Борис Трајанов и Илија Белистојаноски како и со бројни македонски вокални и инструментални уметници. Автор е на музика за краткометражни филмови и театарската претстава „Косара“, како и на оркестарски аранжмани на македонски народни и родољубиви песни. Активен е и во областа на камерната музика, пијано-дуото и музичката педагогија, со настапи и едукативни активности во земјата и странство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци