Експозитурата на Алта банка АД Битола во Прилеп од понеделник, 16 ноември, повторно ќе прима клиенти. Работното време ќе биде од 12 до 16 часот, соопшти банката.
Клиентите со платежна сметка кои немаат платежна картичка ќе можат на шалтер да подигнат до 20.000 денари во период од две недели.
Од Алта банка најавија дека ќе продолжат постепено да го прошируваат пристапот до банкарските услуги и дека навреме ќе ги известат клиентите за следните промени.
Според Народната банка, продолжуваат да работат и филијалите во Струмица и Тетово, како и експозитурата во скопскиот трговски центар „Бисер“.