70 учесници поделени во 12 групи ќе бидат дел од ХУМАНИТАРНИОТ турнир во ТАБЛА во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Почитувани ТАБЛАЏИИ од Прилеп и цела Македонија, ждрепката е направена за големиот ХУМАНИТАРЕН турнир во ТАБЛА, вкупно пријавени се 70 учесници, кои се поделени во 12 групи, од секоја група првите двајца одат понатаму.

За в Недела ќе останат 24 натпреварувачи кои ќе бидат поделени во 4 групи од по 6 натпреварувачи, и од секоја група понатаму ќе одат првите двајца, потоа остануваат 8 души и потоа ќе се игра елеминицај до финале и за трето место.

Групите А, Б, В, Г, Д, Ѓ играат од 10 часот.

Групите Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј играат од 15 часот.

 

ПРАВИЛА НА ТУРНИРОТ

  • Дуелот пред да започне и натпреварувачите фрлаат секој по една коцка и поголемата коцка има право да одбери со кои пулови ќе игра и од која страна ќе почнат
  • Фрлањето на коцките ќе биде од рака
  • Коцките ќе се фрлаат во едната половина од таблата
  • Коцката на пул ќе се важи
  • Во текот на една партијата едниот на другиот натпреварувач ќе можи да му ги пресечи заровите најмногу 3 пати
  • Дуплите на втората партија ќе важат после првото фрлајне т.е. од втора рака
  • Ќе се игра до пет добиени(обична еден поен, марс два поени)
  • Полуфиналината и големото финале ќе се играат до 7 поени(обична еден поен, марс два поени)
  • Натпреварувачите ќе бидат поделини во групи од 5 или 7 натпреварувачи во зависност од пријавените, и за тоа дали ќе одат првите двајца или првите тројца ќе зависи исто така од бројот на пријавени
  • Доколку некој од учесниците се откажи на две, три изиграни утакмици, неговите резултати ќе се поништат за да биди фер спрема оние со кои не изиграл
  • Доколку оригиназаторот сети или пак некој од учесниците му ја дава на противникот утакмицата за да оди понатаму следува дисквалификација на двајцата
  • Во случај на ист број на вториот, третиот и четвртиот првин ќе одлучува поен разликата, ако е иста поен разликата ќе одлучува меѓусебниот дуел, во краен случај ќе се направи мини табала измеѓу тројцата
  • За секоја друга спорна ситуација ќе одлучи организаторот

 

 

 

 

 

 

 

 

\

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци