ВИДЕО- Илиески: Се загушува гласот на младите бидејќи политичарите немаат капацитет да одговорат на нивните барања

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Иако Законот за млади е донесен во 2020 година, до денес неговото спроведување е премногу ниско. Општините и политичарите се уште младите ги оставаат на маргините, а се покрај нив единствено кога треба да се фотографираат и пофалат за некој проект. А потоа се по старо. Пример иако секоја општина е обврзана да отвори Младински центар, во Македонија само 8 општини имаат ваков објект, што пак е поврзано со формирањето на Локалните младински совети кои исто така ги има малку. Но и оние кои се формирани не се целосно функционални.

„Можеби само 20-23% од општините во Македонија ги воспоставиле, но не ги направиле функционални локалните младински совети, бидејќи тоа како форма на учество е директно учество на младите во работата на општините. Сеуште имаме општини каде младите ја немаат поддршката и немаат право да учествуваат во работата на советот, иако Законот стриктно го предвидува тоа“, истакна Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Младите од Прилеп се пожалија дека немаат Младински културен центар каде што би се собирале и би ги оформувале своите ставови мислења кои пак ќе ги доставуваат до Советот.

„Што се однесува до нашите предлози до Советот на Општината, ние сме нивното советодавно тело од областа на младинските политики, имаме досега поднесено само еден предлог, кој за жал не се усвои, но се надеваме дека во идниот период ќе носиме повеќе такви препораки, консултации и ќе земеме поактивно учество во работата на Советот на Општина Прилеп. Досега сме присуствувале на 2 нивни седници, но само како набљудувачи, бидејќи сеуште не можеме да дојдеме до некој компромис до колку, до која граница Локалниот младински совет треба да учествува на седниците на Општина Прилеп“, изјави Александра Стојаноска, претседател на Локалниот младински совет на Oпштина Прилеп.

Според познавачите на приликите политичарите се плашат од младите и затоа не го спроведуваат Законот.

„Се уште останува во секоја изјава на политичарите дека ние треба да работиме за младите, но стравот од нивно директно учество е многу поголем отколку изјавата дека младите се наша иднина. Сметам дека вистинското учество на младите, кога младите ќе го кажат она што тие го бараат, сметам дека политичарите немаат доволен финансиски капацитети, човечки капацитет да одговорат на тие барања и затоа се загушува гласот на младите од аспект на нивното презентирање пред политичарите“, додаде Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Многу општини немаат донесено ниту стратегии за млади.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци