Нимиц: Има позитивен момент за решавање на спорот со името

Facebook
Twitter
Email
Print

Претставникот на ОН за Македонија во преговорите за името меѓу Атина и Скопје, Метју Нимиц, за грчката национална телевизија ЕРТ изјавил дека сé уште нема финален предлог за ново име на Македонија, но дека има позитивен имплус и дека сегашната влада е многу заинтересирана за решавање на овој проблем.

 

“Мислам дека луѓето во двете земји можеби се подготвени да слушнат некои решенија кои се во согласност со националните интереси, но исто така имаат и одреден елемент на компромис кој ќе го реши проблемот”, рече Нимиц.

 

Нимиц рече дека новата влада во Скопје е „многу заинтересирана” за решавање на ова прашање.

 

„Мислам дека грчката влада исто така признава дека ова е добра можност за грчката надворешна политика во регионот да се најде решение за долгорочното решение на ова прашање. Постои позитивен импулс меѓу двете земји, мислам дека граѓаните во двете земји можеби ќе бидат подготвени да слушнат одредени решенија, нивниот заеднички национален интерес, но исто така и дека постои одреден компромис за решавање“, посочил Нимиц.

 

Нимиц не ги коментира предлозите со кои изминатите денови се лицитираше во медиумите, особено оние од грчката страна. Во интервјуто за ЕРТ наведе дека во последните 20 години, многу предлози биле на маса. Со преговарачите Наумовски и Василакис очекува добра дискусија.

 

„Ќе земам елементи коишто ги слушнав од двете страни. Не сум дал идеи во последниве неколку години, не беше соодветно со оглед на тоа што се случуваше. Но, сега мислам дека имаме добри преговарачи. Амбасадорот Василакис е искусен и добар познавач на проблемот. А и Наумоски е доста конструктивен дипломат, како и неговиот колега, така што ќе испробаме неколку идеи“, вели Нимиц.

 

Нимиц, исто така, истакнува дека постои загриженост во регионот околу одредени прашања, како што се бегалците, тероризмот или нестабилноста, и затоа треба да се заложи меѓународната заедница да го реши ова прашање.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи